Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Слога Виница се врати на врвот на табелата после само едно коло!

ВМФЛ – Исток: Слога Виница се врати на врвот на табелата после само едно коло!

По само едно коло повторно има промена на врвот на табелата во Втората лига на Истокот.

Каменица Саса убедливо ја победи Победа со 3:0 во дербито на Истокот. Божинов го отвори резултатот пред крајот на полувремето, а во второто преку Нешковски и Алексовски Саса дојде до триумфот од 3:0.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Поразот на Победа го искористи Слога Виница која со 3:0 ја победи Локомотива и се врати на врвот по едно коло. Головите ги постигнаа Митров, Крклински и Иванов си постигна автогол.

Во останатите натпревари Беласица минимално славеше против Кит-Го (1:0), Кожуф и Детонит ремизираа 1:1, додека Осогово со 2:4 славеше на гости кај последнопласираниот Братство.

На табелата Слога Виница се врати на врвот со 28 бода, Победа е втора со 26, Каменица Саса трета со 24.

Фото: ФК Слога Виница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…