Дома Фудбал Влаховиќ откри зошто игра малку на Светското првенство

Влаховиќ откри зошто игра малку на Светското првенство

Напаѓачот на српската репрезентација Душан Влаховиќ ја откри причината за малата минутажа на Светското првенство.

Влаховиќ објасни дека немало неспортски работи, и дека останал на клупата против Бразил и Камерун во договор со селекторот Стојковиќ.

“Се чувствувам добро, многу подобро, подготвен и се надевам дека ќе играм во петок. На тренерот е да одлучи. Не играв во договор со селекторот бидејќи не бев подготвен. Имав повреда на тетивата. Дојдов тука повреден и сега се чувствувам подобро“, изјави Влаховиќ.

Спремен е да го даде максимумот против Швајцарија.

„Самиот пласман на Светското првенство е многу важен за нашите луѓе. Живееме за вакви натпревари и едвај чекаме. Одиме да победиме, а против Швајцарија ќе го надминеме максимумот-ветуваме. Нека победи подобриот“, порача Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…