Откако Тиквеш спогодбено го раскина договорот со Пане Блажевски денес за нов шеф на стручниот штаб го назначи Влатко Костов.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Стручњакот од Штип потврди дека од понеделник официјално ќе седне на кормилото на Тиквеш и ќе почне со работа.
Костов има огромно домашно и интернационално искуство, а во 2010 година ја освои и титулата со Ренова.
„Сакам да им се заблагодарам на градоначалникот и раководството на клубот што веруваа во мене и ми направија чест. Благодарам на сите мои пријатели кои ми честитаа за изборот, благодарност до навивачката група „Лозари“ и сите искрени пријатели на ФК Тиквеш за својата поддршка за мене, мојот стручен штаб, како и за моите фудбалери, во кои многу верувам и знам дека ќе изодиме тежок пат ама ќе успееме во крајната цел на клубот, а тоа е опстанокот. Ветувам, во мое име и во име на фудбалерите, дека ќе работиме макотрпно за да можат оваа прекрасна публика и навивачка група и следната година да гледаат прволигашки фудбал. Со добра мисла во нови успеси…“, истакна Костов.