Дома Фудбал Виљас-Боаш си поднесе оставка од Марсеј

Виљас-Боаш си поднесе оставка од Марсеј

Тренерот на Марсеј, Виљас-Боаш си поднесе оставка поради несогласување со трансфер политиката на клубот.

Станува збор за трансферот на Оливие Нчам, кој беше донесен во Марсеј против волјата на тренерот.

„Поднесов оставка бидејќи не се согласувам со политиката на клубот за спортско-техничките работи. Не барам ништо од Марсеј. Не сакам пари“, истакна Боаш.

„Раководството се уште не ме информирало дали ја прифаќа оставката. Ако каже НЕ, ќе продолжам да го водам тимот. Повторувам, не сакам пари, едноставно сакам да си заминам“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартовска битка со Кипар: Македонија ќе го брани местото во Б-дивизијата

Македонија ќе гостува во првиот бараж-дуел со Кипар, а реваншот ќе го игра дома. Двомечот …