Селекторот на Холандија, Роналд Куман за првиот дуел од квалификациите за Европското првенство против Франција нема да може да смета на дури пет фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Коди Гакпо, Матајс де Лихт, Свен Ботман и Барт Фербруген имаат проблем со вирусна инфекција и нема да бидат на располагање за утрешниот дуел со светскиот вицешампион.
Тие веќе го напуштија националниот тим и се вратија во своите клубови.
Наместо нив, Коман реши да повика само тројца играчи, а тоа се Рајан Гравенберг, Сел Шерпен и Стефан де Врај.
Холандија утре ќе се соочи со Франција, а вo понеделник ја очекува и меч против селекцијата на Гибралтар.