Дома Фудбал Вирален хит е фотографијата од судијата и играчот на Арсенал. Фановите забележаа неверојатен детал

Вирален хит е фотографијата од судијата и играчот на Арсенал. Фановите забележаа неверојатен детал

Арсенал синоќа по изведување на пенали беше подобар од Порто и се пласираше во четвртфиналето во ЛШ.

Интересен детал од овој натпревар е неверојатната сличност на францускиот судија Клемент Турпен и Тросард.

Во неколку наврати камерата ги фати еден до друг на теренот, а од тогаш не престануваат коментарите од љубителите на фудбалот.

„Дали го донесоа неговиот постар брат да го суди натпреварот?“, „Никој не е посреќен од судијата затоа што неговиот внук постигна гол“, „Тросард е толку разновиден што го суди натпреварот и игра за Арсенал во исто време“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…