Дома Останати Кошарка Винс Картер во петок влегува во историјата!

Винс Картер во петок влегува во историјата!

Винс Картер одамна го запиша своето име во историјата на НБА лигата. Тој е без дилема меѓу најдобрите и „најатрактивните“ играчи кои играле во најсилната лига на светот.

Освен тоа, Картер не размислува да запре иако има 42 години.

А колку подолго игра, толку повеќе соборува рекорди.

Во петок, доколку помине барем една секунда на подот во дресот на Атланта, тој ќе стане првиот играч што успеал да заигра во НБА лигата во четири различни децении.

Картер дебитираше во 1998. година, а во својата богата кариера настапуваше за Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…