Дома Фудбал Англија Вилшер: Ако Арсенал не продаваше ќе ја освоевме Премиер лигата

Вилшер: Ако Арсенал не продаваше ќе ја освоевме Премиер лигата

Џек Вилшер долги години беше дел од Арсенал, од младинските категории стигна до првиот тим. Дел од клубот беше од 2008 до 2018 година.

Сепак во тој период Вилшер не се израдува на многу успеси и титули со „топџиите“, освои две титули во ФА Купот и Комјунити Шилд во 2014 година. Вилшер смета приказната би била поинаква ако Арсенал не ги продавал најдобрите фудбалери.

„Разочаран бев кога Ван Перси премина во Манчестер Јунајтед. Беше наш капитен, постигна 30 голови…Чувствувавме дека имаме тим и сме подготвени да ја нападнеме титулата, а тогаш тој премина во еден од нашите најголеми ривали. Тешко ја прифатив таа ситуација“.

„Бев во клубот и кога не напушти Фабрегас, Насри исто така не остана кога го играше најдобриот фудбал, си заминаа и други големи играчи. Ако Арсенал не продаваше и ги задржеше сигурен сум дека ќе ја освоевме Премиер лигата“, смета Вилшер.

Потоа објасни и како тој ја донел одлуката да си замине.

„Времињата се менуваат. Кога дојде новиот менаџер на местото на Венгер разговарав со него и тој ми кажа: Можеш да останеш ама нема да бидеш дел од почетните 11. Арсен знаеше што можам, ме познаваше, а таква вибрација не почувствував кај Емери“, објасни Вилшер кој денес го носи дресот на Вест Хем.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат са…