Поранешниот ас на Челзи, Ливерпул, Вест Хем и многу други клубови, Виктор Мозес повторно ќе игра во Англија.
Мозес е нов член Лутон, а пристигна како слободен играч бидејќи летово му истече договорот со Спартак Москва.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Мозес има 33 години, а досега настапуваше за академијата на Кристал Палас, Виган, а летото 2012 година направи трансфер во кариерата во Челзи за 11,5 милиони евра.
Мозес официјално беше член на Челзи до летото 2021 година, но најголем дел од времето помина како позајмен фудбалер во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче, Интер и на крајот во Спартак, кој го купи летото 2021 година за пет милиони евра. .
Мозес сега потпиша едногодишен договор со Лутон и ќе биде големо засилување за тимот кој минатата сезона играше во Премиер лигата, а ова изгледа ги чека тешка борба за опстанок во Чемпионшип бидејќи по четири кола имаат само еден бод.