Во викендот кој следи францускиот голгетер, Килијан Мбапе би можел да го одигра својот последен натпревар во дресот на Пари Сен Жермен на „Паркот на Принцовите“.
Иако се уште ниту една од страните не потврдила, ќе биде изненадување ако Мбапе на крајот од сезоната не се пресели во Реал Мадрид.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Се шпекулираше дека Французинот би можел да ја смени одлуката ако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, меѓутоа и тоа не се случи.
Ако не дојде до некој голем пресврт Мбапе овој викенд против Тулу ќе се прости од навивачите. До крајот на првенство во Франција останаа уште две гола во кои ПСЖ ќе игра на гости со Ница и Мец.