Дома Фудбал Останато Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“ кој донесе максимална возбуда.

Стартот на натпреварот не изобилуваше со отворен фудбал, а „Бернабеу“ за прв пат еруптираше во 44-тата минута кога Бенедето ја погоди мрежата на лутиот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со овој гол во финишот на полувремето Бока си обезбеди предност после првиот 45 минути.

Ривер до изедначување успеа да стигне во 68-та кога Прато беше егзектур на една одлична акција.

До истекот на регуларните 90 минути видовме по некоја шанса, но нови погодоци немаше, па натпреварот отиде во продолженија.

Дополнителните минути 30 минути игра не започнаа добро за Бока.

Бариос после само две минути игра беше невнимателен и го заработи вториот жолт картон и така го остави својот тим со играч помалку.

Оваа предност Ривер знаеше како да ја искористи и преку Квинтеро во 109-тата минута стигна до погодок кој им ја обезбеди титулата во Копа Либертадорес.

Во последните минути очекувано целиот тим на Бока тргна на се или ништо, а во една прилика ја погодија и стативата. Сепак, точка на натпреварот стави Мартинез со голот во 120-тата минута за 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …