Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ одлучи да го прокоментира трансферот на Алексис Санчез.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Видиќ смета дека Јунајтед добива фантастичен фудбалер кој ќе придонесе подигнување на нивото на Манчестер Јунајтед.
„И јас возбуден како и навивачите. Тој е фудбалер кој настапуваше во неколку големи клубови, освојуваше трофеи, поседува искуство, играл во Лигата на шампионите…Секако дека ова е добра работа за нас која ќе придонесе подигнување на квалитетот на тимот“.
„Кога како клуб посакувате фудбалер каков што е Алексис вие не размислувате дали го сака Сити, Барселона или некој трет. Единствено на што мислите е дали тој ќе направи разлика. Алексис ќе донесе промени и подобрување, ќе ни помогне да растеме како клуб…Мило ми е што потпиша, а сите чекаме да видиме како ќе започне неговата авантура тука“, изјави Видиќ.