Манчестер Јунајтед имаше сезона за заборав, па веднаш почна да работи на нови засилувања за да изгради посилен тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот од „Олд Трафорд“ изминатата недела купи двајца фудбалери, Даниел Џејмс од Свонси и бекот на Кристал Палас, Ван Бисака, а најавите се дека Давид де Геа ќе потпише нов договор.
Следна цел на Солскјер ќе биде доведување на дефанзивец. Откако отпаднаа од траката за Кулибали и Мекгваер, „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон стоперот на Вест Хем, Диоп.
Лукаку најверојатно ќе биде продаден, веќе има договор со Интер, а најголемото засилување треба да пристигне од Португалија. Клубот е во напредни преговори за ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.
Еве како би требало да изгледа Јунајтед следната сезона, а Солскјер ќе има и силна клупа со Фред, Матиќ, Мата, Лингард…
