Дома Фудбал Англија Видео: Црвен „ураган“ го разнесе шампионот на Енфилд

Видео: Црвен „ураган“ го разнесе шампионот на Енфилд

Ливерпул надмоќно го победи шампионот Манчестер Сити со 3:1 и „избега“ на девет бода предност на табелата.

Резултатот го отвори Фабињо со феноменален гол од триесетина метри. Бразилецот испрати „проектил“ но пред голот видовме една контроверзна ситуација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, „граѓаните“ бараат пенал после играта со рака на Арнолд во казнетиот простор, судијата Оливер пушти играта да продолжи, а во продолжение од акцијата Ливерпул дојде до водство.

И додека Сити се уште не беше излезен од шокот во 13-та минута Салах со глава погоди за предност од 2:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Ливерпул продолжи таму каде што застана и Мане после шест минути игра зголеми на 3:0. Во финишот од мечот Бернардо Силва успеа да намали на 3:1, а „граѓаните“ сигурно ќе имаат замерки за судењето на судијата Мајкл Оливер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…