Кошаркарите на Хјустон ја продолжија одличната серија и синоќа стигнаа до 14-та победа по ред, откако славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 105:92.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кај победничката екипа Харден забележа 25 поени и седум асистенции, додека Гордон и Капела постигнаа исто така по 25 поени. Кај Клиперси прв стрелец беше Херис со 24 поени.
Екипата на Голден Стејт потешко од очекувањата забележа нова победа откако на гости славеше со 101-109 против Вашингтон. Шампионот беше предводен од Кевин Дурент (32 поени) и Стеф Кари (25 поени).
Резултати:
Детроит – Милвоки 110:87,
Орландо – Торонто 104:117,
Атланта – Индијана 107:102,
Бостон – Шарлот 134:106,
Мемфис – Феникс 102:110,
Вашингтон – Голден Стејт 101:109,
Далас – Оклахома 110:111,
ЛА Клиперс – Хјустон 92:105.