Дома Останати Кошарка НБА Видео: Торонто ја израмни серијата против Милвоки

Видео: Торонто ја израмни серијата против Милвоки

0

Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата.

Милвоки беше конкурентен само пред крајот на првата четвртина кога имаше водство, а потоа следеше серија на домашниот од 13-0, со која се одлепи на 41-31 и цело време ја држеше двоцифрената предност.

Кајл Лаури го предводеше својот тим со 25 поени, Каваи Ленард имаше нешто послаб натпревар со 19 поени, но првата ѕвезда на минатиот дуел одигра цели 52 минути во двојното продолжение.

Јанис Адетокумпо имаше 25 поени и 10 скока за Бакс, додека Крис Мидлтон реализираше 30 поени.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историската НБА титула Торонто ќе ја слави пред народ колку цела Македонија! (ВИДЕО)

Торонто во неодамна завршеното финале во НБА лигата стигна до својата прва титула во истор…