Дома Фудбал ВИДЕО Срамен гест на Уругваецот на култниот стадион, погледнете што им покажа на Аргентинците

ВИДЕО Срамен гест на Уругваецот на култниот стадион, погледнете што им покажа на Аргентинците

Аргентина е поразена од Уругвај на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес во натпреварот од 5. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа беше прв пораз на актуелниот шампион по речиси една година од поразот со 2:1 од Саудиска Арабија на стартот од СП во Катар.

На натпреварот дојде до конфликт меѓу играчите, а во него голема улога имаше Лионел Меси.

Меси со лакт го удри Матијас Оливера во градите, а потоа со левата рака го фати за вратот. Главен судија на натпреварот беше Колумбиецот Вилмар Ролдан, кој не реагираше во таа ситуација, па за многумина најдобриот фудбалер на сите времиња остана неказнет за својот потег.

Дрзок гест од Угарте
По натореварот Меси пред камерите го коментираше конфликтот на теренот и непристојниот гест на Уругваецот Мануел Угарте кон Родриго Де Пол…

„Можеби е подобро да не го кажувам она што го мислам, но овие млади луѓе треба да научат да ги почитуваат своите постари“, рече Меси во коментарот за гестот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Држава со само 135 фудбалери учествува на Светското првенство

Курасао освои место на Светското првенство. Со популација од само 156.115 жители, тие стан…