Дома Останати Ракомет ВИДЕО: Ракометар заработи потрес на мозок, а судијата не досуди ниту прекршок!

ВИДЕО: Ракометар заработи потрес на мозок, а судијата не досуди ниту прекршок!

Во третото коло од ракометната Премиер лига во Босна играа Славија и Слога, натпревар кој заврши со победа на Слога од 24:32, а овој натпревар го обележа катастрофалната грешка на судијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, ракометарот на домаќините, Тарик Алибеговиќ беше буквално нокаутиран, но судијата не досуди ниту прекршок иако играчот дефинитивно заслужи и црвен картон.

Натпреварот продолжи како ништо да не се случило.

Колку бил сериозен удар покажува тоа што Алибеговиќ после натпреварот заврши во болница со потрес на мозок, а клубот протестираше со објавена снимка на Фејсбук.

„Нашиот играч Тарик Алибеговиќ доби потрес на мозок, а притоа не беше досуден ни прекршок. Погледнете и пресудете сами за судиската одлука кога се кршеше натпреварот“, стои во објавата на клубот.

https://www.facebook.com/RKSlavija/videos/346270096121335/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…