Дома Фудбал Видео: Пандев и Џенова до голема победа, Фиорентина продолжи да победува

Видео: Пандев и Џенова до голема победа, Фиорентина продолжи да победува

Денес се одиграа три натпреварите од одложеното коло во Серија А, а Џенова запиша значајна победа во борбара за опстанок.

Тимот на Пандев играше со директниот конкурент Каљари и успеа да стигне до победа во судиското продолжение (2:1).

Лападула го отвори резултатот во 53-та минута, но гостите од Сардинија не се предадоа и израмнија преку Барела од пенал. Во судиското продолжение Медеирос и донесе голема победа на Џенова.

Фиорентина ја продолжи добрата серија и победи на гостувањето кај Удинезе со 2:0, а Сампдорија ја изненади Аталанта и славеше во Бергамо со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…