Новото засилување на Милан, Лукас Пакета денес пристигна во Милано за да го комплетира трансферот тежок 35 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот во наредните денови ќе стави потпис на 5-годишен договор со „росонерите“, а од јануари ќе му се придружи на тимот.
Милан за 21-годишниот талент на Фламенго му плати 35 милиони евра и го „украде“ пред конкурентите, а Пакета откри зошто го избрал Милан.
„Многу сум среќен што сум тука. Го избрав Милан поради историјата на клубот“, изјави Пакета при пристигнувањето.
MY G! He's arrived ?? ❤️? #Paqueta #ForzaMilanpic.twitter.com/Q8qCFuXlVT
— Milan Talk (@MilanTalk1) December 9, 2018