Дома Останати Кошарка НБА Видео: Оклахома до прва победа, Бостон на чекор до полуфинале

Видео: Оклахома до прва победа, Бостон на чекор до полуфинале

0

Фаворитите во Источната конференција ја вратија предноста воплејоф сериите откако славеа како гости кај Индијана, односно Орландо.

Бостон Селтикс се наоѓа пред пласман во полуфиналето на плејофот во на Источната конференција откако како гостин со 104:96 ја совлада Индијана и поведе со 3:0 во победи. Лидер во триумфот на Бостон беше Џејлен Браун со 24 поени, додека Кајри Ирвинг уфрли 19 поени и имаше 10 асистенции.

Составот на Оклахома во третиот меч стигна до првиот триумф во четвртфиналната серија со Портланд победувајќи со 120-108. Клучна улога во првиот триумф на Оклахома одигра Расел Вестбурк. Првата виолина во екипата постигна 33 поени, а додаде уште 11 скокови и 5 асистенции. Оклахома со победата намали на 2-1 во серијата, а во следниот меч на домашен терен ќе може да изедначи.

Торонто репторс со триумфот од 98:93 како гостин поведе до 2:1 во победи против Орландо и ја предноста во плејоф серијата. Незадржлив во редовите на Торонто беше Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скокови.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

За Јанис Антетокумпо е спремен најголемиот договор во историјата на НБА!

Јанис Антетокумпо оваа сезона веројатно ќе биде прогласен за МВП во НБА лигата, а наскоро …