Тимот на Монако игра фантастично оваа сезона и многу фудбалери на тимот од „кнежевството“ се на мета на европските гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај Мбапе, кој се промовираше во една од најголемите млади фудбалски ѕвезди, големо внимание привлекува и левиот бек Бенџамин Менди. Имено „Скај Спорт“ пренесува дека првите шест клуба од Премиер лигата покажуваат интерес за него.
Монако го привлече Менди минатото лето за 15 милиони евра од Олимпик Марсеј, а оваа сезона тој блеска како во Лига 1 така и во Лигата на шампиони.
22-годишниот Французин воодушевува со 77% точност при пасовите и осумте асистенции кои ги има само во ЛШ, што го прави најдобар меѓу бековите во 5-те најсилни европски лиги.
Минатиот месец Менди дебитираше и за француската репрезентација, а моментално е најбараниот лев бек во Европа.