Дома Останати Кошарка Видео: Нов трипл-дабл на Харден!

Видео: Нов трипл-дабл на Харден!

Екипите на Хјустон, Чикаго, Минесота, Мајами и Вашинготн забележаа победи во НБА лигата. Индивидуално повторно блесна Џејмс Харден кој го забележа третиот трипл дабл во сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Џејмс Харден со трипл дабал го предводеше Хјустон до нова победа, овој пат над Портланд. Ракетите одлично го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 41:29, Портланд се врати и на полувремето замина со поен предност. Клучна беше третата четвртина која Хјустон ја доби со 38:21 и го реши мечот.

Харден имаше учинок од 26 поени, 14 асистенции и 12 скокови. Во гостинскиот тим Меколум постигна исто така 26 поени.

Чикаго ја спаси честа на гостите откако славеше кај Јута Џез со 85:77. Батлер со 20 поени беше најефикасен, Двен Вејд постигна два помалку.

Резултати:
Вашингтон – Њујорк 119:112
Мајами – Милвоки 96:73
Хјустон – Портланд 126:109
Минесота – Филаделфија 110:86
Јута – Чикаго 77:85

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Ситуацијата кај Лос Анџелес Лејкерси е на раб на паника откако во првата средба од полуфин…