Дома Фудбал Видео: На „Бернабеу“ пукна „петарда“ за едно полувреме, Севиља потопена – Роналдо двоен стрелец, деби гол за Хакими

Видео: На „Бернабеу“ пукна „петарда“ за едно полувреме, Севиља потопена – Роналдо двоен стрелец, деби гол за Хакими

Реал Мадрид денес ја торпедираше Севиља за само едно полувреме.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ како да го истурија бесот по критиките кои беа испраќани на нивна сметка во последно време. Во денешниот натпревар избраниците на Зинедин Зидан ја испратија Севиља со резултат 5:0 и тоа сите голови беа постигнати во првиот дел.

Начо, по една лоша реакција на одбраната на гостите го отвори резултатот во третата минута од средбата. Дваесетина минути подоцна Кристиано Роналдо го постигна третиот гол во сеозната во Примера и зголеми на 2:0, во 31 минута пенал за домаќинот, а реализатор на пеналот беше Роналдо кој го постигна својот втор гол на натпреварот

Седум минути подоцна одлична контра на Реал Мадрид, Лукас додаде до Тони Крос кој погодува за веќе 4:0. Ашраф Хакими го постигна својот прв гол во официјалните натпревари во дресот на сениорскиот тим на Реал Мадрид за убедливи 5:0 на полувремето.

Во вториот дел Реал знаеше како да ја смири играта и мирно да го приведе натпреварот, па погодоци немаше, а Бензема во една прилика ја погоди и стативата од голот на гостите.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)

Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионо…