Дома Останати Кошарка НБА Видео: Магичниот Харден го „потопи“ Кливленд!

Видео: Магичниот Харден го „потопи“ Кливленд!

0

Вицешампионот продолжува со слабите партии, нов блесок на Харден, Сакраменто победи во последните секунди против Филаделфија.

Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден игра во животна форма сезонава. Тој ноќеска ја доби пресметката против Леброн Џејмс од Кливленд (117-113), остварувајќи трипл-дабл, со ефект од 35 поени, 11 скока и 13 асистенции, а имаше и пет украдени топки. Кај Кливленд Леброн се истакна со 33, а Грин додаде 27 поени.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс продолжуваат со лошите резултати, откако го запишаа седмиот овосезонски пораз. Некогашниот шампион со убедливи 16 разлика загуби на гостувањето кај Вашингтон (111-95), а Вол и Бил со 23 и 22 поени беа најзаслужни за оваа победа на Визардси.

Втора победа во серија славеше Сакраменто со триумфот над Филаделфија од 109-108. Рандолф со 20 поени ги предводеше кралевите, а кај 76-ките најдобри беа Ковингтон со 24 и Ембилд со 22 постигнати поени.

Останати резултати:
Торонто – Њу Орлеанс 122-128,
Денвер – Оклахома сити 102-94.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In НБА

Проверете

Вардар како „супермаркет“ и Марсениќ пред заминување!?

Продолжуваат шпекулациите за распродажбата во македонскиот и европскиот ракометен шампион …