Дома Останати Кошарка НБА Видео: Ленард го однесе Торонто во историско финале!

Видео: Ленард го однесе Торонто во историско финале!

Тимот од Канада за прв пат во клупската историја ќе игра во големото НБА финале откако славеше во шестиот натпревар против Милвоки со 100:94.

Рапторс по првите два порази во серијата забележаа четири последователни победи и заслужено се изборија за пласман во големото финале.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Торотно анулираше 15 поени негатива и на крилата на најдобриот играч, Кави Ленард стигна до голема победа вредна пласман во финалето.

Ленард натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скокови и седум асистенции, а него го следеше Паскал Сиакам кој постигна 18 кошеви. Кај поразениот тим повторно најефикасен беше Адетокумбо кој застана на 21 поен.

Рапторс во големото финале ќе играат против актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и ќе ја имаат предноста на домашниот терен, што значи дека првите два натпревари ќе се играат во Торонто.

https://youtu.be/OjvIjzoMwwc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Moментот кога Леброн испиша историја во НБА лигата 🎥

Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Денвер изминатата вечер во НБА лигата со 124:114, но о…