Дома Фудбал Италија Видео кое нема да остави рамнодушен ниту еден навивач на Јувентус

Видео кое нема да остави рамнодушен ниту еден навивач на Јувентус

Јувентус вчера на „Алијанц Арената“ ја прослави осмата титула во низа во Италија, меѓутоа лицата навивачите на „старата дама“ беа тажни.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од фудбалот се прости Андреа Брзаљи, долгогодишниот столб на одбраната на „старата дама“.

Брзаљи вчера беше заменет во 60-тата минута од натпреварот. Тој се поздрави со сите играчи, но посебно емотивна беше неговата прегратка со Масимилијано Алегри кој исто така го напушта Јувентус.

Светскиот шампион со Италија од 2006 година во солзи го прегрна тренерот, а некоја солза пушти и Алегри.

Брзаљи во Торино пристигна во 2011 година и беше дел од познатото три со Бонучи и Киелини.

За Брзаљи ова беше негов 281-ви натпревар во кариерата за Јувентус, а постигна и два гола во црно-белиот дрес.

Со Јувентус осум години во низа ја освојуваше Серија А, вкупно со „старата дама“ собра 13 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oва не се виде во ТВ преносот: Погледнете како собирачот на топки го провоцираше Ноер (Видео)

Го одолговлекуваше времето, но не успеа да ја изнервира легендата на Баерн. Улични кучиња:…