Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Италија и Украина го прекинаа натпреварот и се поклонија пред жртвите во големата трагедија

ВИДЕО: Италија и Украина го прекинаа натпреварот и се поклонија пред жртвите во големата трагедија

Италија и Украина вчера во Џенова одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој град неодамна беше погоден од големата трагедија во која при една бура се урна мост висок 30 метри. Рушењето на овој мост со себе однесе 43 животи.

Токму поради Италија одлучи еден од првите натпревари после несреќата да го одигра во Џенова и така да искаже поддршка на познатиот фудбалски град.

Овој натпревар симболично беше прекинат во 43 минута,а сите гледачи на стадионот и играчи со аплауз се поклонија на жртвите при падот на мостот. Во тие моменти на екранот се појави порака „Џенова во срцето“.

https://youtu.be/aHT9ZriJ-ks

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Швајцарија вечерва против БиХ без селектор?

Двете репрезентации имаат по еден освоен бод после првото коло, така што победата во овој …