Дома Фудбал (Видео) Иско и Мората ја „срушија“ Италија, прекината неверојатна низа на „Аѕурите“ во квалификациите!

(Видео) Иско и Мората ја „срушија“ Италија, прекината неверојатна низа на „Аѕурите“ во квалификациите!

Дербито на вечерта во квалфикациските натпревари го одиграа репрезентациите на Шпанија и Италија, а победа запишаа домаќините со убедливи 3:0.

Шпанците беа подобриот противник на теренот и заслужено стигнаа до оваа важна победа во борбата за првата позиција во групата во која се наоѓа и нашата селекција. Резултатот беше отворен во 14 минута кога фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, мајсторски изведе слободен удар и го матираше Џиџи Буфон. Новиот погодок стигна во 40 минута и повторно беше дело на Иско кој овој пат со удар од работ на шеснаесетникот го совлада Буфон и по втор за едно полувреме.

Вториот дел не донесе многу промени, „црвената фурија“ продолжуваше да биде подобар противник на теренот. Конечните 3:0 ги постави, Алваро Мората во 77 минута од средбата.

За Италија ова беше прв пораз во еден квалификациски натпревар после 57 натпревари без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…