Дома Фудбал Видео: Интер не запира – рутински до трета победа!

Видео: Интер не запира – рутински до трета победа!

Фудбалерите на Интер денес на својот стадион ја запишаа третата победа и имаат максимален ефект после првите три кола.

Тоа беше и за очекување со оглед на фактот што противник на „нероаѕурите“ беше новиот прволигаш СПАЛ.

Пред околу 60.000 фанови на „Џезепе Меаца“ Интер немаше многу проблеми и рутински дојде до третата победа со 2:0.

Резултатот го отвори Икарди во првото полувреме, откако судијата досуди на белата точка после консултација со VAR.

„Нероаѕурите“ и во второто полувреме беа подобар противник, создадоа неколку шанси, а конечните 2:0 ги постави Перишиќ во 87-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити со перфектен биланс во дербито: Шо и Хемп бркаат „стотки“ против Јунајтед

Манчестерското дерби носи дуел на разиграни ривали, но и можност за два јубилеја: Шо е пре…