Дома Тенис (Видео) Вистинска лудница во мостарски клуб после победата на Ѓоковиќ

(Видео) Вистинска лудница во мостарски клуб после победата на Ѓоковиќ

Францускиот грен слем турнир „Ролан Гарос“ ќе добие нов шампион, откако актуелниот Рафаел Надал претрпе пораз од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Србинот славеше со 3-1 во сетови (3-6, 6-3, 7-6, 6-2).

Натпреварот се следеше во целиот свет, а импресивна сцена пристигнува од Мостар каде во ноќен клуб настана апсолутна лудница после победата на Ѓоковиќ.

На еден од екраните се појави честитка за Ноле за една од најголемите победи во кариерата, а присутните тоа го поздравија во одлична атмосфера.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина ја испрати Сабаленка дома: Шест гема во низа и повторно без ракување

Елина Свитолина ја прекина серијата од шест порази против Арина Сабаленка и обезбеди полуф…