Дома Останати Кошарка НБА Видео: Бостон незадржлив, падна и шампионот!

Видео: Бостон незадржлив, падна и шампионот!

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја продолжија фантастичната серија и ја запишаа 14-та победа во низа и тоа против актуелниот шампион Голден Стејт (92:88).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бостон и покрај негативата од 17 поени, мечот со Голден Стејт успеа да го однесе во неизвесна завршница. На 82 секунди до крајот Клеј Топмсон постигна поени за предност на Вориорс (88:86). Поените на Томпсон беа последни за Голден Стејт на мечот кој Бостон го заклучи со серија од шест коша. Вориорси до крајот имаа многу нереализирани удари, а Бостон поентираше од линијата за слободни фрлања.

Џејлен Браун со 22 поени и 7 скока беше предводникот на Селтикс, Ал Хорфорд оствари „дабл-дабл“ од 18 поени и 11 скока, а Кајри Ирвинг забележа 16 поени, 5 скока и 6 асистенции. Кај шампионот најрасположен беше Кевин Дурент кој постигна 24 поени.

Во вториот натпревар Хјустон лесно се справи со најлошиот тим во лигата, Феникс Санс. Рокетси славеа со 142:116, а мечот беше решен по првата четвртина во која Хјустон постигна 45 поени.

Дуелот го обележа и враќањето на Крис Пол во тимот на Хјустон, кој поради повреда не играше три недели.Тој одигра 20 минути и оствари „дабл-дабл“ од 11 поени и 10 асистенции. Феноменална партија имаше Џејмс Харден со 48 поени, 2 скока и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…