Денес Реал Мадрид од полуфиналето го започна својот настап на Светското клупско првенство каде што ја оправда фаворитската улога.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид денес беше предводен од одличниот Герет Бејл кој ги постигна трите погодоци за „кралевите“ во победата од 3:1.
Ефикасната вечер Бејл ја отвори во финишот од првото полувреме кога постигна гол за водство од 1:0 на полувремето.
Во вториот дел следуваа два брзи гола. Прво во 53-тата минута Велшанецот ја погоди мрежата после грешката на Јапонците, за само две минути подоцна да го постигне најубавиот од трите гола за убедливи 3:0.
Почесниот гол Кашима го постигна во 78-та минута преку Дои кој беше на работ на офсајд позиција.
Треба да истакне дека Бејл со овие три гола им се придружи на Луис Суарез и Кристиано Роналдо кои постигнуваа хет-трик во ова натпреварување.
Реал во финалето ќе игра против најголемото изненадување на турнирот Ал Аин.
Bale goal.#realmadrid #CWC19 #KashimaRealMadrid pic.twitter.com/BPwrdlfp31
— Madrid0n??? (@TheAllWhites_) December 19, 2018
Bale 2-0 ⚽
pic.twitter.com/43AqGuNHNj— Hamza ( بديل للموقوف ) (@HamzaRMFC2) December 19, 2018
Bale 3-0 ⚽ ??
pic.twitter.com/Nwqtkrx55s— Hamza ( بديل للموقوف ) (@HamzaRMFC2) December 19, 2018