Белгискиот репрезентативец Кристијан Бентеке, синоќа го постигна најбрзиот гол во историјата на квалифинациите за пласман на светските првенства, откако погоди по само седум секунди игра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гибралтар потив Белгија го изведе почетниот удар, но Бентеке веднаш ја освои топката, влезе во противниќкиот шеснаесетник и постигна гол.
Белгија славеше во Гибралтар до 6-0, а Бентеке постигна хет трик, со што стигна до бројката од девет голови во 27 натпревари за Белгија. Покрај Бентеке голманот на Гибралтар го совладаа и Витсел, Мертенс и Азар.
Белгија по три средби во Х групата има максимален учинок и се наоѓа на челната позиција.