Баерн продолжува со победите и во 12-то коло беше убедлив на домашен терен против Аусбург. Леверкузен се спаси од пораз, сигурна победа на Волфсбург.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баерн игра фантастично под водство на Јуп Хејнкес, а овој пат главни ѕвезди кај Баварците беа Роберт Левандовски и Артуро Видал.
Аусбург одолеваше на нападите цели 30 минути, кога после една мешаница во петерецот најспретен беше Видал кој погоди за 1:0. Само неколку минути подоцна Чилеанецот одлично го проигра Левандовски кој зголеми на 2:0. Полјакот на почетокот на второто полувреме ги постави конечните 3:0.
Лајпциг и Леверкузен одиграа фантастичен меч кој заврши без победник (2:2). „Фармацевтите“ од пораз ги спаси искусниот Воланд во последните минути од натпреварот. Варнер од пенал донесе почетно водство за гостите, но на полувреме се замина со 1-1, откако гол за „фармацевтите“ постигна Бајли во 44-та минута. Форсберг му донесе водство на Лајпциг од 1:2, но домаќините на крајот успеаа да израмнат.
Волфсбург запиша сигурна победа од 3:1 против Фрајбург. Минимална победа за Мајнц 05, откако на домашен терен со 1-0 славеше над Келн, додека Ајнтрахт Франкфурт одигра 1-1 на гостувањето кај големиот фаворит Хофенхајм.