Дома Трансфер зона Видал после една година заминува од „Камп Ноу“ и се враќа во Италија

Видал после една година заминува од „Камп Ноу“ и се враќа во Италија

0

Артуро Видал минатото лето беше на чекот да се врати во Италија, имаше договор со Интер, но во последен момент пристигна понуда од Барселона, па Чилеанецот заврши на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, работите во Барселона не се одвиваат во добра насока за него. Видал не е задоволен од минутажата која ја добива кај Ернесто Валверде, па е спремен да ја промени средината само една година од неговото пристигнување на „Камп Ноу“.

Барселона на лето спрема реконструкција и подмладување на средниот ред, а тоа значи дека минутажата на Видал додатно ќе се намали, па Каталонците се спремни да му ја отворат излезната врата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Видал да се врати во Серија А, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресот на Јувентус.


Следете го Sportski.mk и на


Најсилен интерес за Чилеанецот покажува Милан. Гатузо смета дека му е потребен таков искусен „војник“ на теренот, особено ако „росонерите“ обезбедат пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Меѓутоа, интерес за Видал покажува и тимот на Наполи, бидејќи Карло Анчелоти одлично ги познава неговите квалитети и сака повторно да го има во својот тим.

Како и да е, „Кориере дело Спорт“ тврди дека големи се шансите на лето 31-годишниот Чилеанец да се врати во Серија А.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер блиску до ангажман на играч кој Зидан го смета за „вишок“?

Манчестер Јунајтед игра одлично под водство на Оле Гунар Солскјер и тоа им е добро познато…