Дома Топ вести Вечерва последни преговори: Реал има замена за Модриќ, но треба да плати – 200 милиони евра!?

Вечерва последни преговори: Реал има замена за Модриќ, но треба да плати – 200 милиони евра!?

0
modric eriksen

Сагата со потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ се уште не е завршена.

Менаџерот на хрватскиот играч за врска вчера ги подгреа надежите на Интер со изјавата дека неговиот клиент се уште сака трансфер во редовите на италијанскиот клуб, но Реал и Перез засега се најголемиот проблем во неговата желба.

Италијанските медиуми пишуваат дека случајот „Модриќ“ ќе биде отворен се до крајот на италијанскиот преоден рок, а тоа е 18-ти август.

Информациите се дека вечерва после Суперпкупот во Талин ќе се одржат нови преговори за иднината на најдобриот играч од последното Светското првенство.


Следете го Sportski.mk и на


Во Реал изгледа се свесни за желбата на еден од нивните најважни играчи и јасно е дека доколку тој замине Перез ќе мора да му доведе замена.

Прва мета според информациите е фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Данецот Кристијан Ериксен.

Но, тука има сериозен проблем, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви за својот играч бара сума од 200 милиони евра што изгледа во овој момент Перез ја смета за преголема.

Ќе потсетиме во Шпанија може да се купува до крајот на овој месец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најава: Како ќе помине 158-то вечно дерби во Србија?

Вечерва од 19:00 часот се игра вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда. Разбијте го …