Дома Фудбал Лига на шампиони Вечерва не очекува најскапиот фудбалски натпревар во историјата!

Вечерва не очекува најскапиот фудбалски натпревар во историјата!

Мадридскиот весник „Марка“ прецизно пресмета – на теренот вечерва ќе се најдат фудбалери чија вредност изнесува 1 милијарда и 200 милиони евра.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Толку вредат тимовите на Реал Мадрид и ПСЖ кој во изминатите години вложи богатство во нови фудбалери. Двата клуба неколку пати во изминатите години го рушеа светскиот трансфер рекорд.

Најпрво светски рекордери беа Роналдо и Бејл со по 94 односно 100 милиони евра, а Нејмар минатото лето беше платен 222 милиони, додека Мбапе 180 милиони евра.

Ако се гледа моменталниот состав, Реал Мадрид вложил половина милијарда евра за 23 фудбалери кои моментално му се на располагање на Зидан.

Од другата страна ПСЖ е поскап, но само поради фактот што во последните години цените на фудбалерите значително пораснаа. Моменталната вредност на тимот на Емери изнесува точно 756 милиони евра.

Се е спремно за спектакл на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…