Дома Трансфер зона Ветеранот Подолски се враќа во Европа?

Ветеранот Подолски се враќа во Европа?

Поранешниот германски репрезентативец, Лукас Подолски (34) е пред враќање во Европа.

Подолски во 2017 година од Галатасарај премина во Јапонија каде што го носеше дресот на Висел Кобе. На таа негова авантура и дојде крајот и сега се шпекулира за неговата иднина.

Во претходнитен едели се пишуваше дека Подолски може да оди во САД во тимот на Чикаго Фајр, но според последните информации во овој момент е најблиску до турскиот прволигаш Анталиспор.

Преговорите со Подлски ги потврди претседателот на Анталиспор Мурат Суглун, а искусниот напаѓач наводно се согласил на скромни финансиски услови и во наредните денови би требало зделката да биде официјализирана.

За Анталиспор во претходните години настапуваа уште некои познати фудбалери како Самуел Ето и Самир Насри.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланските клубови сакаат да го „украдат“ Смолинг од Рома

Крис Смолинг ова лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед…