Екипата на Вест Хем е еден од најактивните англиски клубови во овој преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последен во низата засилувања треба да биде Жан Клер Тодибо кој најверојатно се сели на Островот, а Ница ќе добие 40 милиони евра.
Вест Хем изгледа сериозно инвестира во одбраната, го сака и Ван Бисака, а алтернатива е англискиот репрезентативец Трипие од Њукасл. Клубот од источен Лондон има и нов тренер, Хулиен Лопетеги, па така со големи амбиции ќе влезе во сезоната.
Претходно Вест Хем го доведе Германецот Фулкруг, јужноамериканците Гиљермо и Гвидо Родригез, голманот Фодерингам од Шефилд Јунајтед, одличниот Килман од Волвс и Холанѓанецот Самервил од Лидс.
До овој момент тие потрошија 110 милиони евра, а со најавениот трансфер на Тодибо таа бројка ќе дојде и до 150 милиони евра. Од друга страна клубот го напуштија само Тило Керер во Монако и Бенрама кој се пресели во Лион.