Карен Брејди, потпретседателката на фудбалскиот клуб Вест Хем јунајтед, објави дека речиси била завршена идентификацијата на навивачите на клубот кои ги предизвикале нередите на натпреварот со Челзи.
Потпретседателката на Вест Хем, потенцираше дека 200 навивачи на клубот повеќе никогаш нема да можат да влезат на стадионот на клубот за кого навиваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие го посрамија клубот. 55 илјади навивачи имаме на листата на чекање за нашите сезонски билети, во момент кога на стадионот се наоѓаат луѓе кои ние не сакаме да се таму, луѓе кои не сакаме да се блиску до Вест Хем“, изјави Брејди.
По вознемирувачките сцени од Олимпискиот стадион во Лондон, на кој Вест Хем е домаќин од оваа сезона и клубот порача дека таквите навивачи не им се потребни.
„Одговорни се за анти-општествено однесување, кое вклучува закани, пцости, физички пресметки и обид за раздвојување на навивачките групи, како и фрлање на парички и пластични шишиња, едноставно не се пожелни на нашиот стадион“, порачаа од Вест Хем.
Инцидентите стигнаа и до англискиот Парламент, откако Марк Филд од комисијата задолжена за фудбалот, предложи Вест Хем, поради лошата организација да биде казнет една или две средби како домаќин да одигра без присуство на публика.