Унгарски Веспрем како да сака да направи цел тим од поранешни ракометари на Вардар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните години Веспрем доведе бројни ракометари на црвено-црните, а последен во низата изгледа ќе биде Данил Шишкарев.
Според последните најави Шишкарев од идната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим. Шишкарев е еден од играчите најдолг стаж во Вардар, во Скопје е од 2014 година и беше дел од походот по двете европски титули.
Ако се остварат ваквите најави Шишкарев ќе им се придружи на Штербик, Манасков, Мораес, Борозан и тренерот Дејвис кои во минатото беа дел од Вардар, а сега се во редовите на Веспрем.