Арсен Венгер повторно купува на Пиринејскиот полуостров.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако оваа сезона Барселона му даде шанса во шпанскиот куп, многу лесно би можела да го изгуби Хозе Арнаиз за кого Арсенал е спремен да плати 20 милиони евра, односно колку што изнесува клазулата во неговиот договор.
Талентите од „Ла Масија“ во последно време редовно ја напуштаат Каталонија, а тоа веќе го направија Жорди Мбула (Монако) и Ерик Гарсија (Манчестер Сити), како и тренерот Габри (Сион).
Арнаиз минатото лето пристигна во Барселона за сума од 3.4 милиони евра од редовите на Ваљадолид, а со настапите за вториот тим на Каталонците го привлече вниманието на Срсен Венгер кој е спремен да испрати конкретна понуда веќе во јануари, пренесува „Марка“.
Иако е прв стрелец на Барселона Б со шест погодоци, младиот напаѓач немаше многу прилика да тренира со првиот тим, а во сениорскиот тим на Барселона се појави два пати во натпреварите од купот каде што одигра 59 минути.