Дома Трансфер зона Венгер призна: Челзи му го украл напаѓачот пред нос!

Венгер призна: Челзи му го украл напаѓачот пред нос!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека имал голема желба да го донесе Ромелу Лукаку во своите редови, но не успеал поради Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал во 2011 година се обидувал да го донесе Ромелу Лукаку од Андерлехт, но не успеал во намерата бидејќи Челзи беше побрз и го донесе напаѓачот на „Стенфорд Бриџ“.

„Се сеќавам кога играше во Андерлехт сакавме да го донесеме во Арсенал. Беше многу млад, но Челзи успеа да ја добие битката за неговиот потпис. Потоа не се обидувавме да го купиме бидејќи кога веќе беше во голем клуб тешко е да се дојде до него“, призна Венгер.

Лукаку моментално настапува во Евертон и на 14 натпевари оваа сезона постигна 9 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…