Дома Топ вести Венгер понудил 90 милиони за Обамејанг

Венгер понудил 90 милиони за Обамејанг

Арсенал, во летниот преоден рок, очајнички се обидуваше да донесе квалитетен напаѓач, а Арсен Венгер, бил подготвен да го сруши и клупскиот трансфер рекорд, но челниците на Борусија не сакале да преговараат околу трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг.

Оваа информација ја откри италијанскиот менаџер Винченцо Морабито, кој летото, се обидувал да го издејствува трансфертот на Обамејанг во Наполи.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Го побарав спортскиот директор на Борусија Цорк, сакав да разговараме за Обамејанг, но тој веднаш ми рече „Не“. Занам и дека ова лето Арсенал за него понуди 90 милиони евра, но и Венгер го доби истиот одговор“, откри Морабито.

Инаку, рекорден трансфер на Арсенал е оној од пред три години кога во клубот за сума од 47 милиони евра пристигна Месут Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Лајпциг се договорија за Окафор

Милан е во напредни преговори со Лајпциг за трансфер на Ноа Окафорд, пренесуваат италијанс…