Дома Трансфер зона Венгер носи две засилувања во јануари

Венгер носи две засилувања во јануари


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Арсенал е сериозен во намерата да го засили тимот во јануарскиот преоден рок и да ги зголеми шансите во борбата за титулата, па Венгер сака да донесе две големи засилувања.

Прв на листата желби е германскиот репрезентативец Јулијан Дрекслер кој во зимскиот преоден рок сигурно ќе го напушти Волфсбург.

Дрекслер е веќе ставен на трансфер листа, за неговиот потпис покрај Арсенал се интересираат уште и Манчестер Сити и ПСЖ, но „топџиите“ веќе спремиле понуда од 36 милиони фунти и сакаат да ја победат конуренцијата.

Другата мета е помалку реална, а станува збор за талентираниот играч на Манчестер Јунајтед, Лингард кој сеуште не го продолжил договорот со „црвените ѓаволи“.

Наводно Лингард не е задоволен од минутажата која ја добива кај Жозе Мурињо и сака да ја промени средината, па Арсенал е спремен да му понуди договор од 120.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал спреми 100 милиони за Лаутаро

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Приоритет на Реал Мадрид во летниот …