Дома Трансфер зона Венгер: Нема ни да ги разгледуваме понудите за Санчез и Озил!

Венгер: Нема ни да ги разгледуваме понудите за Санчез и Озил!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека не може да гарантира останување на двете ѕвезди Алесис Санчез и Месут Озил на „Емирати“, но сигурно нема да ги продаде пред истекот на договорот.

Договорите на Озил и Санчез истекуваат за 18 месеци, а преговорите за нивно продолжува се во застој, па веќе подолго време има шпекулации дека ќе си заминат од Арсенал.

„Двајцата се потполно посветени на тимот и одлично играат. Се обидуваме да ги продолжиме нивните договори, а кога преговарате, што помалку зборувате за тоа, тоолку подобро. Играчи како Санчез и Озил заработуваат многу и имаат привилегија да бираат каде ќе играат. Ќе направиме се што е можно за да ги задржиме“, истакна Венгер.

„Верувам дека Санчез има голема понуда од Кина, но зошто да оди таму кога може да игра во Англија. Нема да го продадеме ни Озил. Двајцата сигурно ќе останат кај нас во наредните 18 месеци, а се надевам и подолго. Нема ни да ги разгледуваме понудите за нив“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан благодарение на Пулишиќ ја носи идната ѕвезда на светскиот фудбал

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Италијанскиот гигант …