Дома Фудбал Останато Венгер најави револуција: На СП 2022 ќе се воведе автоматски офсајд

Венгер најави револуција: На СП 2022 ќе се воведе автоматски офсајд

Поранешниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер денес е директор за фудбалски развој на ФИФА, а за СП 2022 во Катар најавува голема иновација.

Имено, Венгер најавува дека на Светското првенство во Катар ќе биде воведен автоматски офсајд со цел да не се чека толку многу при прегледувањето на спорните одлуки со ВАР.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Очекувам автоматскиот офсајд да биде спремен за 2022 година. Навистина силно притискам за овој проект. Со овој систем помошниците ќе добиваат директни сигнали ако играчот е во офсајд. Времето кое сега го чекаме во просек е околу 70-80 секунди, важно е затоа што имаше многу прослави на голови кои беа стопирани поради мали офсајди“, најави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …