Дома Фудбал Англија Венгер „крена раце“ од Арсенал: Познато името на неговиот наследник!

Венгер „крена раце“ од Арсенал: Познато името на неговиот наследник!

Како што наведува, англиски Мирор, францускиот стратег сериозно размислува за заминување од клупата на „Топчиите“ на крајот од оваа сезона, иако договорот со клубот го врзува до 2019. година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Венгер како што се наведува, нема намера до крајот на договорот да остане во клубот. Изминатата сезона имаше силна желба да продолжи со работата и доби нов двегодишен договор, но работите очигледно се промениле.

Па така, 68-годишниот Французин по повеќе од две децении би можел да го напушти Арсенал, а тој ќе го одбере и наследникот на клупата. Тоа ќе биде некогашниот играч за врска на клубот од „Емирати“, Микаел Артета, кој моментално работи како помошник на Пеп Гвардиола во редовите на Манчестер Сити.

Арсен Венгер на клупата на Арсенал е од 1996. година. Освои три титули во Премиер лигата, последната во 2004. година, и седум титули во ФА Купот и Комјунити Шилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…