Дома Фудбал Венгер има едноставно решение за проблемите со ВАР

Венгер има едноставно решение за проблемите со ВАР

ВАР технологијата откако е воведена редовно е тема на коментирање во јавноста.

Посебно тоа е случај во англискиот фудбал каде што има проблеми со користењето на ВАР. Нјамногу проблематични се офсајд ситуациите.

Видовме многу поништени погодоци бидејќи раката или прстот на напаѓачот се во недозволена позиција и многумина сметаат дека правилото за офсајд треба да се промени.

Легендарниот менаџер Арсен Венгер даде свој предлог.

„Напаѓачот нема да биде во офсајд ако било кој дел од телото со кој може да постигне гол е во линија со противничкиот дефанзивец. Така не би било важно ако некој друг дел од телото со кој не може да се постигне гол е пред линијата на последниот човек во одбраната“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…